| четврток, 6 декември 2018 |

Понта: Унгарскиот ѕид е срам за Европа

ponta
Романскиот премиер Виктор Понта денеска изјави дека ставот на Унгарија во справување со бегалската криза е „антиевропски“ и „срам за Европа“.- Засега го делам ставот, што е сличен со тој на српскиот, хрватскиот и австрискиот премиер, Европската комисија и Генералниот секретар на ОН, дека унгарското справување со кризата е неевропско и срам за Европа =-изјави Понта.

Понта за изградбата на ограда на границата меѓу Унгарија и Романија, изјави дека не е во согласност со духот на Европа.

Романскиот премиер, исто така, изрази и несогласување со мешањето на Будимпешта во внатрешните политички работи во Романија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top