Утре, 22 септември во 10.30 часот, заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, ќе се приклучи на велосипедското дефиле кое ќе стратува во 10.30 часот пред Порта Македонија.
Велосипедистите ќе се движат по маршрутата: Порта Македонија – ул. Димитрие Чуповски – бул. Климент Охридски – бул. Партизански одреди, се врти кај Влае – кружниот тек – бул. Партизански одреди – бул. Илинденска – Школка, Градски Парк, која е во должина од 10 км.
Заминик министерот за животна средина и просторно планирање ќе се обрати на завршниот настан од Европската недела на мобилност (Школка, Градски Парк) заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Мартин Клауке, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во РМ.
По обраќањата ќе следува забавна програма, како и извлекување на добитниците на лотаријата, на кои ќе им бидат доделени велосипеди како симбол на користење на алтернативни превозни средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст