Италијанскиот режисер Адријано Валерио на прес-конференција денеска го претстави својот филм-првенец „Банат“, кој синоќа доживеа македонска премиера во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“.
Филмот е копродукција помеѓу повеќе земји, меѓу кои е и Македонија. Беше прикажан во програмата „Нов европски филм“, поддржана од Европската унија. Светската премиера му се случи на фестивалот во Венеција, во програмата „Недела на критиката“, а по Битола ќе следува Интернационалниот филмски фестивал во Пусан, кој важи за мека на филмските фестивали во источниот свет. Филмот во октомври ќе учествува и на Варшавскиот филмски фестивал од А-категорија.
Директорот на фестивалот, Димитар Николов, го поздрави режисерот Валерио и истакна дека Македонија стекнала голем пријател.
-Особено ми е драго дека го имаме Адријано Валерио и со самото тоа што реши да снима во Македонија, ни стана пријател. За нас е особена чест што тој во голема мера искористи локации во Македонија за овој прекрасен филм, се надевам дека ќе имаме можност и во иднина да соработуваме со него. Тој лесно се справува со приказната и му честитам. Би сакал да имаме што повеќе такви филмови кои промовираат нова иднина на европско кино. Среќен сум што можам како директор на таков реномиран фестивал, да учествувам во промоцијата на вакви филмови – рече Николов.
Делот снимен во Македонија во главно ја дефинира атмосферата во филмот. Овој филм беше прва продукција работена според новите закони, што треба да придонесе за подобар развој на продукциите во земјава. Ова е прва копродукција помеѓу Македонија и Италија, истакна селекторот на „Нов европски филм“, Дејан Трајкоски.
Салата во Центарот за култура беше полна и со статисти и со автори кои учествуваа во неговото создавање.
-Во Македонија се снимаа едни од клучните кадри што го одредија расположението на филмот. Снимавме во Романија, Бугарија, Македонија, малку во Грција – рече Валерио.
За изборот на актерите тој вели:
-Прво имавме друг главен актер, ама не ми се допадна, па се премислив. Едуардо Габриелини е режисер, но има голем актерски инстинкт. За женската улога, пак, имаше многу поетаблирани актерки од Елена Радончиќ, но кога ја видов, знаев дека таа е вистинската и многу сум задоволен. Пред да почнеме да снимаме ми рече дека е бремена, па тоа влијаеше и на сценариото. Актерката Пјера дели Еспости е со големо искуство, таа работи со Пазолини, Сорентино и многу други големи режисери и ни беше добредојдена.
Тој е презадоволен и од соработката со бројните статисти.
Во однос на продукциските услови во земјава, тој истакна:
-Работевме многу добро со нашиот менаџер за локации. Имавме три недели и трчавме како луди за да ги најдеме. Слушнав многу убави работи за Македонија и за продукциските можности и одеднаш работите станаа едноставни. Во Македонија најдовме млади и амбициозни луѓе што беа подготвени да учат од постарите од другите земји. Спиеја по два часа на ден за да биде сѐ во ред. Сите беа многу професионални за цело време.
Грчкиот новинар Киријакос Пефтитселис, го пофали режисерот што успеал да спои толку блиски земји на едно место.
-Фестивалите како „Браќа Манаки“ се многу важни затопа што сите знаеме дека кога влегувате во голема продукција, финалната цел е профитот. И имам привилегија да предавам во филмско училиште и често прикажувам референци од филмови. Филмот не мора директно да се занимава со политика за да биде политички, тоа може да се постигне и со прикажување на интимата на карактерите. Актуелна е темата на бегалците, имигрантите. И Италијанците почнаа да се селат. А јас, раскажувам приказна за некој што има избор – има работа, автомобил, стан и, сепак, избира да замине – рече Валерио.
На тоа, директорот Николов додаде:
-Денес уметноста ја има обврската да ги зближува луѓето. Нашиот слоган е „Филмот е убав“, идејата не е само луѓето да бидат среќни во двата часа дури гледаат филм, туку и зближувањето се случува уште од подготовките на снимањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




