| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Берлускони испиле шише вино вредно 100.000 долари!!

Рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, во Крим наводно испиле шише вино кое чинело 100 илјади долари. Според пишувањата, украинските обвинители започнале истрага против Путин и Берлускони.

putinSUM_1772945b

Двајцата високи личности се почастиле со виното кога контроверзниот италијански политичар овој месец бил во посета на Крим.

Шишето вино било дел од легендарната колекција на принцот Михаил Воронтсов, гувернер на Крим  во првата половина на 19 век.

Славната винарија „Масандра“ во која шишето се наоѓало, Русија ја презела со анексијата на Крим во 2014 година, а украинските истражители во егзил наведуваат дека случајот го третираат како „одземање на државен имот“.

– Ова вино не е само сопственост на Крим и Масандра, туку и на украинскиот народ во целина – изјавил Назар Колодинтски од тужителската канцеларија.

Посетата на Берлускони на Крим во почетокот на септември го налути официјален Киев, а руската телевизија објавила и видео за посетатата на познатата винарија во која се слуша како Италијанецот прашува „дали е можно да проба вино“ од некое од старите шишиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top