Посетите на граѓаните на Собранието на Република Македонија кои беа времено прекинати поради изведување градежни работи на зградата на Собранието повторно се активни.
Како што информира собраниската прес-служба, сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност, меѓу кои и свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.
Собранието ќе биде отворено секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 113 683 или на емаил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.