Кошаркарскиот тренер и наставник Мајк Рајс доби отказ, по бурната реакција на јавноста во САД за неговиот чуден стил на работа. На радост на децата од училиштето „Раџерс“, кои немаа дерман од насилното однесување на Рајс, сега веќе поранешен тренер по кошарка. Тој ги навредуваше децата, ги гаѓаше со баскет, ги тепаше, а јавноста се крена на нозе, по објавеното видео.
Реагираше и познатата НБА ѕвезда Леброн Џејмс и уште многу познати личности во САД, кои придонесоа Рајс да биде отпуштен.
Директорот на училиштето, Тим Пернети, кој го ангажирал Рајс во мај 2010 година, е индиректен виновник бидејќи знаел за методите на тренерот-насилник. Реагирал со блага казна, од тримесечна суспензија и 50 илјади долари, лани во декември. Можно е и тој да „настрада“ со Рајс, а видеото што донесе правда за децата од „Раџерс“ е повлечено од „Јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.