На вкупно 2.120 странски државјани им се издадени потврди за 24 часа од вчера во осум до денеска до осум часот. Од нив 1.445 се од машки пол, 224 се од женски, 354 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 97 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најбројни се од Сирија 1.355, Авганистан 387, Ирак 298, додека другите се во помал број.
Досега вкупно се издадени потврди на 89.427 странски државјани, од кои, 59.569 се од машки пол, 12.123 се од женски, 14.977 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.758 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се од Сирија 70.670, потоа Авганистан 7.165, Ирак 4.754, Пакистан 2.548, Палестина 948, Сомалија 626, Бангладеж 592, Иран 399, Конго 357, Нигерија 221, Камерун 165, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.
За последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а вкупно досега се поднесени 49 барања за признавање на право на азил.
Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти