Словенечката полиција поставува ограда на граничниот премин Брегана кон Хрватска. Дрвена ограда се поставува меѓу патот и зелената површина, а не е јасна целта на ова оградување. Полицијата наведува дека емигрантите се пуштани во текот на ноќта во Словенија и со автобуси се пренесени во прифатните центри. Се пренесуваат емигрантите и од преминот Товарник.
Неколку стотици мигранти синоќа го блокираа сообраќајот на преминот Брегана. Откако околу 22 часот Словенците комплетно го затворија сообраќајот на Брегана, прво со три автобуси ги пренеле словенечките активисти и дел од емигрантите, а во текот на ноќта со автобуси се пренесени сите емигранти. За акција за блокирање на преминот, емигрантите биле поттикнати од активистите кои ги поддржуваат во нивниот пат низ Словенија. Емигрантите лежеле на патот извикувајќи „Отворете граници“. Бил раширен и транспарент на кој пишувало „Без граници, без нации“. Пред нив биле поставени околу 60 полицајци со кучиња, а над нив прелетувале полициски хеликоптер.
За влез во Словенија емигранти чекаат и на помалиот граничен премин Хармица, кој исто така е затворен за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.