Преку 4.000 мигранти вчера транзитирале низ Република Македонија. Податоците од невладините сектори покажуваат дека има зголемување во споредба со претходните неколку дена.
Од железничката станица информираа дека со четири специјални возови биле превезени околу 2.800 емигранти, а утрово заминаа 800 емигранти од прифатниот камп кај Гевгелија.
Од меѓународниот Црвен крст соопштија дека според нивната евиденција, од Гевгелија за Табановце вчера заминале околу 4.500 мигранти. Во прифатниот камп во Гевгелија биле згрижени додека чекале да бидат евидентирани, и во тој период биле поделени пакети со храна и со вода, 200 ќебиња и 200 кабаници за дожд. Медицинските екипи на Црвениот крст вчера интервенирале 668 пати на самото место,без потреба од болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.