Третиот натпреварувачки ден на ИФФК „Браќа Манаки“ на филмофилите им ги нуди францускиот филм „Тимбукту“ на Абдерхамин Сисако чиј кинематографер е Софиан Ел Фани и копродукцискиот филм „Земја и сенка“ на Цезар Августо Ацеведо во кој камерата му е доверена на Матео Гусман.
Освен филмовите во конкуренција, претпладнево во 11 часот ќе биде презентиран дел од опусот на карикатуристот, автор на бројни анимирани филмови Дарко Марковиќ кој како што е познато е годинашен лауреат и добитник на наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“ што ја додели Друштвото на филмските професионалци на Македонија.
Според програмата, денес на ИФФК „Браќа Манаки“ во чест на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски добитник на годинешната награда за животно дело „Златна камера 300“ во големата сала на Центар за култура ќе биде емитуван филмот „Ида“.
За публиката од градот, државата и странство денес на реперотарот се и два македонски филмски производи, односно документарецот „ТАТ – транзициска еуфорија или национална измама“ во режија на Сашо Миленковски, работен по сценарио на Петар Атанасовски и анимираниот филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ за кој сценариото го изработи Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режијата е на Елеонора Венинова.
„ТАТ – Транзициска еуфорија или национална измама“ е насловот на долгометражниот документарен филм посветен на најголемата пирамидална штедилница во Македонија. Оваа 47. сага за ТАТ во продукција на „Видеомозаик“ од Битола, четири месеци макотрпно ја работеше режисерот Сашо Миленковски, кој сместил делови од разговорите што ги имал со дел од актерите, директно инволвирани во аферата некогаш и сега, пренесувајќи ја пораката дека штедилницата беше проект кој покоси глави на политичари, но уште поважно на наивни и невини граѓани.
Во подготовката на документарниот филм за ТАТ, режисерот потрошил три месеци и се сретнал со 17 соговорници. Некои од нив не се охрабриле да застанат пред камера, но обезбедиле податоци. Времето посветено за изработка на филмот, собирањето податоци, контакти со директно инволвираните лица, претставуваат нов предизвик за режисерот Сашо Миленковски да продолжи да работи на оваа тема.
– Откако го завршив филмот, видов дека феноменот ТАТ уште е многу присутен и дека има многу да се работи на оваа тема од повеќе аспекти. Можеби еден од нив е психолошкиот, а ние веќе имаме материјал за цел серијал – изјави режисерот Сашо Миленковски.
За новинарите во тоа време било вистински предизвик да се работи на темата ТАТ, но и голем проблем.
– Работејќи како новинар во ТВ Орбис, тогаш наидував на затворени врати, иако влегов заедно со супервизорот во банката. ТАТ беше голема криминална измама – рече Димитар Спасевски – поранешен новинар во ТВ Орбис.
И до ден денес, штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ не можат да ја добијат правдата низ македонските судови. Следна станица на барање на правдата е судот во Стразбур.
– Правдата не ја добивме дома, па ќе ја бараме надвор. Иако најавивме, не презедовме порадикални чекори во однос на штрајкови. Со тек на време и бројот на живите штедачи опадна – истакна Пеце Гугучевски – претседател на здружението на штедачи.
Аферата ТАТ, која во јавноста пукна на 7 март 1997 година, остави длабоки траги македонската економија, особено во регионот на Битола. Се смета дека над 100 самоубиства на поранешни штедачи на ТАТ се директна последица на аферата, која во тоа време тежеше околу 120 милиони марки.
Филмот „ТАТ– Транзициска еуфорија или национална измама“ е направен во продукција на Видео мозаик со поддршка на ТВ Орбис, поддржан од Агенцијата за филм на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст