По априлската киносредба со кинеските зависници од интернет во Подгорица, на 23 септември (среда) следува уште една во рамки на „Докувизија“. Овој пат, домаќинското слатко за добредојде ќе го послужи „Македокс“ на терасата зад киното „Милениум“ во ГТЦ во 20 часот, а филмската приказна за „пријателите“ на Јужен Судан паралелно ќе се раскажува и во Љубљана, Загреб, Белград, Призрен и во Подгорица.
По бесплатната проекција на отворено, ќе има разговор со режисерот Хјуберт Саупер, програмскиот селектор на „Македокс“ Петра Селишкар и со публиката од другите градови.
Приказната на филмот е уникатна.Ова е модерна одисеја, вртоглаво и само навидум фантастично патување во срцето на Африка, каде што децата или ги мажат или ги вооружуваат. Благодарение на малиот авион што режисерот сам го направил од ламарина и платно, пристигнуваме во Јужен Судан – земја со највисока стапка на смртност на мајките во светот, дом на 230 илјади бегалци… и очигледно, рај за странските инвеститори. Кинески нафтени работници, мировници на ООН, судански воени лидери и американски протестанти доаѓаат како пријатели во најмладата држава во светот, нестрпливи да поттикнат „соработка и развој“.
Наградена на Берлинскиот филмски фестивал и на „Санденс“, оваа филмска приказна ни покажува дека империјализмот никогаш навистина не си заминал од Африка.
„Докувизија“ е партнерски проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ) во која покрај „Македокс“, членуваат и „Докуфест“, „Андерхил фест“, „Баш волим документарце“, „Слободна зона/ Фри зона филмски фестивал“, „Петра Пан филмска продукција“ и „Демијург продукција“. Поддржан е од Фондот за уметност и култура за Балканот (Balkans Arts & Culture Fund (BAC)).
Фестивалот на креативен документарен филм „Макефокс“ е основан во Скопје во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност.
Главните три цели на „Македокс“ се едукација на млади филмофили, ширење на етичките идеи и придонес во одржувањето и во развојот на човековите права. Зачнат со ентузијазмот на една група докуљубители, „Македокс“ за шест години успеа да прерасне во национална, регионална и светски етаблирана филмска манифестација со преку 80 проекции годишно, придружена со изложби, дебати, работилници, мастер-класови и музички настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст