| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Ниту една европска земја не може да го отфрли прифаќањето на бегалците

LOS COLEGIOS ELECTORALES ABREN EN FRANCIA PARA LOS COMICIOS PRESIDENCIALES

Ниту една европска земја не може да го отфрли прифаќањето на бегалците, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на прес-конференција во мароканскиот град Танжер.

Тој нагласи дека оваа процедура „треба да се спроведе од сите европски држави“.

– Никој не може да го отфрли тоа, во спротивно нема да припаѓа кон заедничкото општество, кое се заснова врз вредности и на принципи – истакна Оланд.

Се очекува прашањето за распределба на 120.000 бегалци во земјите од Унијата да се разгледа на 22 септември во Брисел, каде ќе се одржи Совет на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top