| четврток, 6 декември 2018 |

Пркосете му на лошото време – пет идеи што да правите кога врне

Вклучете ги светилките
Една од причините поради која сме нерасположени за време на дождливите денови е тоа што облаците ја спречуваат сончевата светлина, која природно го подигнува расположението. Без неа нашите ум и тело може да се чувствуваат забавено. Со вклучување на светилките може да се изборите против негативното влијание. Обичните светилки се поефикасни од флуоресцентните, а во продавниците може да се најдат и светилки што се еднакви или ја имитираат сончевата светлина. Тие се најефикасни кога треба да си го подобрите расположението.

Планински чај
Планинскиот чај со својот неодолив мирис е прастар лек за депресија. Штом ќе го вкусите и ќе ја почувствувате неговата топлина како минува низ вашето тело, насмевката и пријатното расположение ќе бидат неизбежни. Уште ако го засладите со мед, уживањето ви е гарантирано.

Останете активни
Вежбањето ослободува хемикалии во мозокот, кои го подобруваат расположението. Иако поради дождот, главно, остануваме дома, постојат многу начини на кои можеме да го стимулираме мозокот да ги ослободува овие „среќни хемикалии”. Неколку пати одете по скали или скокајте во место. Пуштете си ја омилената музика гласно и скокајте. Исчистете си ја собата или целиот дом. Секое движење може да ви го подобри расположението.

Хранете се правилно
Воздржете се од консумирање брза храна за време на дождливите денови бидејќи таа не му ги обезбедува потребните хранливи и енергетски состојки на телото. Дури може и да ви го влоши расположението, иако ви изгледа привлечно и мислите дека би ве направила посреќни. Задоволството може да трае само до првите неколку залаци, но потоа ќе треба да ги издржите тешкотиите до крајот на денот.
Консумирајте што повеќе протеини и интегрално жито, но не заборавајте ги ни витамините. Избегнувајте ги слатките и кафето колку што можете, бидејќи иако повремено ви го подобруваат расположението, кога организмот ќе го исфрли шеќерот и кофеинот, најверојатно ќе се спуштите и вашето расположение ќе биде полошо од претходно.

Повикајте пријатели
Дружењето може да ви изгледа како последна работа што сакате да ја направите кога сте нерасположени, но тоа е еден од најдобрите начини да се избориме со негативните чувства . Повикајте пријатели со кои долго не сте се виделе ниту слушнале или барем излезете до некоја продавница.
Депресијата прави да се оддалечиме од другите луѓе иако контактите се најдобар начин за таа да се победи. Дури и ако повикот трае само пет минути, поврзувањето со друга личност може да биде решение за вашето нерасположение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top