25 најдобри галерии во САД за „Американ арт авард 2015“ (Американски награди за уметност) го оценија делото на Дивна Пешиќ Грозданов „Тешко да те љубат“, масло на платно, за најдобро во категоријата апстрактна уметност меѓу дела од 35 држави. Преку овој интернет избор се избираат најдобрите 300 дела уметнички дела во 50 категории.
-Галериите годинава највисоко ги оценија делата на Дивна Пешиќ Грозданов. Таа е феноменален талент со уникатен и препознатлив стил. Нејзините дела се барани во светот, а нејзино дело поседува и Бакингамската палата- оценува организаторот на овој избор, кој што не изостави и дека таа е и олимпијка.
Дивна Пешиќ Грозданов која што неколку години живее со семејството во САД за македонските медиуми посочи дека овој избор на сериозно натпреварување меѓу искусни уметници од светот, ќе влијае врз нејзината работа.
– Со оваа победа ми се отвораат многу врати, бидејќи веста ќе биде објавена во многу познати списанија за уметност, а исто така, и сите колекционери на уметнички слики ќе го дознаат моето име и ќе имаат можност да се запознаат со мојата уметност- додава Пешиќ Грозданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст