Неколку стотини бегалци синоќа го блокирале сообраќајот на хрватско-словенечкиот граничен премин „Брегана“, јавија хрватските медиуми.
Бегалците лежеле на патот и извикувале „Отворете ги границите“.
Границата ја обезбедуваат 60 полицајци со кучиња, а подрачјето е надлетувано од полициски хеликоптер.
На граничниот премин во текот на вчерашниот ден имало околу 400 бегалци. Претходната ноќ за влез во Словенија чекале 700 бегалци.
Бегалци има и на граничниот премин Хармица кај Запрешиќ, кој е затворен за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.