| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ќе ги враќа бегалците во Словенија и во Хрватска

vienna-protest-welcomes-migrantsАвстриската министерка за полиција Јохана Микл-Лајтнер изјавила дека е несфатливо како во Хрватска и во Словенија нема ниту едно барање за азил, па поради тоа Виена ќе поведе таканаречена „даблинска“ процедура за враќање на бегалците во Љубљана и во Загреб.

Словенечките медиуми јавуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Хрватска да испраќа нови бегалци, а претходно Будимпешта најави можност за блокирање на Хрватска во шенген-зоната ако не успее да ја одбрани надворешната граница на ЕУ. Истовремено, Унгарија се подготвува за поставување ограда кон Романија откако ја заврши оградата на границата со Србија и преку ноќ подигна жица долга 41 километар по границата со Хрватска.

Тоа ги влоши односите на Будимпешта со соседите, кои сметаат дека со тоа врз нив неправедно се става товарот од големиот прилив на бегалци. Ситуацијата дополнително се наелектризира по мобилизацијата на резервниот состав, која е спроведена по налог на унгарските власти, а хрватските медиуми вчера јавија дека во пограничните региони се видени конвои на унгарски воени возила.

Неснаодливоста на Европа и различните реакции во државите-членки на ЕУ доведоа и до дипломатски непримерни реакции. Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто се судри со романскиот колега Богдан Ауреску, кој затворањето на границата ја нарече „аутистичен и неприфатлив чин“ со кој се крши духот на ЕУ.

– Ние сме држава постара од 1.000 годин, која низ својата историја многу пати морала да се брани не само себе си, туку и Европа. Вака ќе биде и во иднина, му се допаѓало тоа на романскиот шеф на дипломатија или не – истакнал Сијарто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top