| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се најопасните женски воени единици во светот (видео)

Мажите не се единствените кои можат успешно да се справат на воено поле. Ова е листа од шест елитни воени единици кои во целост се формирани од жени.

Курдски женски баталјони

Женските баталјони се дел од курдските Единици за народна заштита (YPG) и од 2012 година доста усоешно учествуваат во борбите на курдскиот отпор против терористичките групи на Исламската држава и Ал Нусра фронтот. Женската единица на курдската одбрана има и психолошко влијание врз своите непријатели, затоа што исламистичките милитанти наводно веруваат дека, доколку умрат во борба против жена, нивните души ќе горат во пеколот.

Женска единица на руските специјални сили

Жените започнале да се придружуваат на руските Спетснаж сили пред неколку години. Иако поголемиот дел од жените служат во мешовити единици, постојат и самостојни женски единици обучени за обавестување и извидување, како и за водење напад против странски војници доколку дојде до напад врз руска територија.

Женската специјална единица во Кина

Кина има единица на женските специјални сили кое се наоѓа во Хонг Конг, а има 50 високо обучени жени борци.

Руска женска воздушно-десантна единица

Женската воздушно-десантна единица е дел од воздушните сили на Русија. Жените поминуваат низ иста обука и извршуваат исти задачи како и мажите во оваа единица. Од денес тиде млади жени се прилагодуваат на острите мерки на воената стега која го менува нивниот начин на живеење. Исцрпните маршови и вежби со пуцање се нивна дневна рутина. Не се играат војна, туку за него се подготвуваат со цврстина.

Доброволна одбранбена служба на Шведска

Женските единици се дел од групата Lotta Corps, која претставува резервна воена сила. Тие жени се дел од националниот план за дбрана во случај на инвазија на Шведска. Тие се обучени со основни воени тактики и стратегии. Меѓутоа, нивната главна работа е борбена подршка или помош на првите линии.

Чeсните сестри на револуцијата во Либија (Al-Rāhibāt Al-Thawriyyāt)

Една новинска агенција оваа единица ја нарече Амазонска гарда. Но, по избивањето на војната во Либија тие жени биле клучни за личната безбедност на поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Тие биле високо обучени за употреба на огнено оружје и служиле боречки вештини. Во нападот во 1998 година, една од припадниците на оваа единица загинала откако во напад на либиските бунтовници со сопственото тело го одбранила Гадафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top