| четврток, 6 декември 2018 |

Протерани двајца странци: Државјани на Германија и на Бразил нелегално влегле во земјава со група мигранти

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден околу 08.00 часот, во близина на граничен камен 59 биле откриени две лица, и тоа државјанин на Р. Германија и Р. Бразил кои оствариле нелегален влез воР.Македонија заедно со група на мигранти и се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за Гранична контрола.

На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Р.Македонија со забрана за повторно влегување во Р.Македонија за период од пет години, и истите биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Р.Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top