Премиерот Никола Груевски во обраќањето на отпочнувањето со градежните работи потенцира дека ова е најголема инвестиција во спортот во општина Шуто Оризари воопшто со децении.
– Салата која ќе ја изградиме во Шуто Оризари ќе биде репрезентативен спортски објект подготвен за многу спортови и опремен со најмодерни реквизити. Првпат по подолго време оваа општина ќе добие современи услови за спортување и развивање на спортските таленти на најмладите. За една година, кога ќе биде готова салата заедно со повеќенаменското спортско игралиште кое веќе го изградивме Владата ќе има вложено повеќе од 42 милиони денари само во областа на спортот за граѓаните на оваа општина, истакна Груевски.
Премиерот подвлече дека заложба на Владата е да ги следи потребите на граѓаните и да помогне во однос на нивните проблеми секаде каде може.
– Водени од тој принцип досега успеавме да спроведеме неколку посебно важни проекти со кои се зголемува еднаквоста на граѓаните и се овозможува еден колку толку полесен и поубав живот за многумина кои не гледаа излез од тешката состојба во која се наоѓаа. Дел од тие значајни мерки беше отписот на долговите кон банките, кон ЕВН за струја, кон Топлификација за парно и долговите за радиодифузна такса. Овозможивме легализација на дивоизградените објекти, а на многу граѓани им овозможивме откуп на земјишето по симболични цени со што конечно стекнаа полноправна сопственост на своите домови. Во изминатите години успеавме да ги зголемиме платите, пензиите и социјалната помош, но можеби најважно од се овозможивме отворање на илјадници нови работни места со што ја намаливме невработеноста дури за 11,2 проценти, нагласи Груевски.
Пратеникот Амди Бајрам истакна дека спортската сала во Шуто Оризари е уште еден од повеќето владини проекти со кои се придонесува кон унапредувањето на животните услови на ромската заедница. Тој информира дека токму благодарение на заложбите на премиерот и неговите ветувања, општината многу скоро ќе добие ваков репрезентативен објект.
– На Ромскиот бал кога беше присутен премиерот, гледа голема гужва и ме праша немате ли друг простор. Му реков, за жал, немаме и спортска сала немаме. Во истиот момент му телефонира на директорот на Агенцијата за млади и спорт и му рече стави ја во програмата општина Шуто Оризари оваа година да има спортска сала. Тоа што го вети го оствари, тоа се дела, рече Бајрам.
Благодарност до премиерот за овој проект упати и градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвиз Бајрам кој истакна дека ова е историски ден за општината бидејќи со спортската сала ќе се придонесе за развој на спортот, за натпревари, но и за културни манифестации за граѓаните.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски истакна дека само оваа година, преку Агенцијата пуштени се во употреба преку 30 спортски објекти во целата држава, како повеќенаменски спортски игралишта, тениски терени и спортски сали, а во последните неколку години преку АМС и МОН се реконструирани и изградени нови преку 200 спортски објекти низ целата држава.
Спортската сала во Шуто Оризари ќе биде со вкупна површина од 1.435 метри квадратни. Ќе располага со 400 седишта, три влеза, од кои еден главен и два споредни за публиката, паркинг простор, санитарни јазли, гардероби за судиите, за тимовите, соба за реквизити и друга помошна опрема. Салата ќе биде пристапна и за лица со хендикеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст