Топ менаџерот на компанијата „Мерседес-Бенц Рус“, руската филијала на германскиот автомобилски гигант, Германецот Александр Ламберт загинал во ноќен клуб во Москва, паѓајќи по скалилата од вториот кат, објавија во неделата истражните органи, пишува „Макфакс“.
Инцидентот се склучил во еден од посетуваните ноќни клубови во центарот на руската престолнина,околу 1 часот по полноќ по локално време, пренесуваат руските медиуми,
„Ноќта кон неделата германскиот државјанин одејќи надолу по скалите во внатрешноста на објектот неочекувано се сопнал и паднал до првиот кат. Од здобиените повреди починал на самото место“, изјавиле полициски извори за агенцијата ТАСС.
Официјално московската полиција го потврдила случајот, но не прецизирале детали. „Се проверува тоа што се случило“, одговориле од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.