Македонија е обвинувана за ситуацијата со мигрантите, иако тие доаѓаат кај нас од територијата на Европската унија. За жал, Унијата го заборави Балканот и oставени сме сами со овој проблем, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza.
– Низ Македонија поминува главната рута на мигрантите. Ние трошиме 1 милион евра месечно за да им помогнеме, а само за зајакнување на полициските сили трошиме 800.000 евра месечно. Нашите пробеми се резултат на тоа што се случува во ЕУ – мигрантите доаѓаат во Македонија од територија на Унијата, бидејќи никој не ја чува нејзината граница, вели претседателот Иванов.
Македонија, нагласува Иванов, постапува со мигрантитe хумано, и им овозможува транзит низ нејзината територија за 72 часа.
– Мигрантите доаѓаат кај нас од територија на Грција, која веќе доби од ЕУ повеќе од 450 милиони евра. Ние досега добивме само 90 илјади евра, вели претседателот Иванов, кој смета дека дополнителната ветена помош од Унијата, поради бирократските процедури, ќе стигне дури во текот на претстојната зима.
Соработката меѓу нашите и службите на Унијата, особено Грција, констатира македонскиот претседател, е многу слаба.
– Веќе имавме ситуација кога во еден ден, грчките власти, транспортираа кон нашата граница 15 илјади луѓе. Моравме да прогласиме кризна состојба и да испратиме војници да ја контролираат ситуацијата, бидејќи градот Гевгелија, на границата, преку кој поминува главната траса на миграција, има само 15 илјади жители. Почнаа немирите, мигрантите фрлаа камења на нашите полицајци, и тие мораа да превземат мерки. Македонија беше обвинета за ситуацијата со мигрантите, иако овие луѓе дојдоа од територија на ЕУ. За жал, Унијата го заборави Балканот, Оставени сме сами со овој проблем, вели Иванов.
Осврнувајќи се на европската перспектива на земјата, претседателот Иванов објаснува дека и покрај препораката на Европската комисија и шестте позитивни извештаи, Македонија е блокирана поради спорот со името со Грција.
– Кога Грција стави вето на поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, покренавме процес пред Меѓународниот суд на правдата, кој пресуди дека ветото било незаконско. Сепак, никој не го почитува ова. Тогашниот генерален секретар на НАТО изјави дека оваа пресуда не е задолжителна за НАТО. Фрустрацијата меѓу населението е огромна. Гледаат дека сите други земји напредуваат, а Македонија стои во место. Тоа е една од причините за што на секои две години имаме политичка криза, вели Иванов во интервјуто за полскиот весник Gazeta Wyborcza.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција