| четврток, 6 декември 2018 |

„Задржете ги мигрантите“ побарала Меркел од Милановиќ

merkelГерманската канцеларка Ангела Меркел телефонски побарала од хрватскиот премиер Зоран Милановиќ Хрватска да се обиде да ги задржи бегалците на своја територија, откри од свои извори Јутарњи.хр

Тој го одбил барањето на највлијателниот европски политичар. Притоа, додава порталот, тоа бил разговор без било какви тензии, а соговорниците се сложиле дека главниот проблем е тоа што Грција го допушта навлегувањето на мигрантите. Милановиќ посочил дека хрватските власти не можат или не сакаат физички да ги спречат бегалците кои се обидуваат да продолжат со патот, ниту да направи прифатни центри во кои луѓе би останувале без нивна волја. Единствено околу што се договориле, било дека повторно ќе зборат идната недела во Брисел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top