Откако „Република“, објавувајќи документи кои се изнесени пред Окружниот суд во Њујорк во врска со аферата Телеком, до редакцијата се обрати професорот на Правниот Факултет во Скопје Дејан Мицковиќ, чие име најчесто се спомнува во документите изнесени пред судот во Њујорк.
Тој испрати документ од Комисија за хартии од вредност на Америка во кој стои дека Комисијата потврдува дека е побрано сведочење од Мицковиќ како сведок, а не како тужен или обвинет во истрагата за аферата со Маѓар Телеком и Македонски телекомуникации.
-На Комисијата не и е познат било каков доказ од нивната истрага за Маѓар Телеком кој покажува дека Мицковиќ е инволвиран во било какви нелегални или несоодветни дејствија за време на извршување на функцијата директор на бордот на „Телеком“. Сосема спротивно, неговата соработка за време на истрагата е од голема помош во откривање на илегалните дејствија на другите инволвирани лица- стои во дописот кој Мицковиќ го испрати до „Република“.
„Република“ деновиве објавува документи кои биле изнесени пред Окружниот суд во Њујорк како дел од истрагата за Маѓар Телеком поради сомнеж дека директори на Маѓар Телеком потплатувале владини функционери во Владата на СДСМ. „Република“ стои зад она што го објавува, со оглед дека се работи за документи кои се дел од истрагата која се води. Исто така се надеваме дека Мицковиќ ќе биде достапен на Редакцијата за било какви дополнителни информации во врска со случајот Телеком.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст