Русија изгради во Сирија прв странски шаторски камп за домашни бегалци, изграден од руските инженери во западниот дел на Сирија, на место безбедно од граѓанската војна што беснее во земјата, вели Раша тудеј, пренесе порталот мкд.мк.
Кампот се наоѓа на тркачка патека, практично во центарот на градот Хама, на околу 40 километри од најблискиот фронт. Оваа локација се смета за релативно безбедна во земјата што страда од активни воени операции уште од февруари 2011 година.
Кампот за 500 бегалци се состои од 25 армиски шатори целосно опремени за живеење, со импровизирана кујна, кантина, тушеви, два мобилни енергетски генератори и објект за вода. Шаторите се опремени со кревети и печки за греење.
Во случај бројот на бегалците драстично да се зголеми, во кампот може да се сместат до 1.000 луѓе.
Опремата за кампот била доставена до аеродромот Латакија на 12 септември. Биле донесени и 50.000 комплети садови за еднократна употреба и 15 тони оброци, доволни за да се нахранат 50 лица во текот на 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


