Австрискиот вицеканцелар Вернер Фајман со германскиот колега Сигмар Габриел ја истакнаа потребата од зголемување на меѓународната помош за бегалците од ООН за 5 милијарди евра за да се подобри состојбата во бегалските кампови во Либан и Јордан.
-Мораме да помогнеме на земјите каде што сиромаштијата е толкава што луѓето мора да си одат. Ако нема што да јадат и пијат, што им преостанува освен да бегаат. Никакви огради на светот нема да ги сопрат- вели Габриел.
-Некои земји може да дигаат огради и да се обидуваат обврската за хуманитарна помош да ја префрлат на соседите- посочи Фајман, скоро отворено посочивајќи на Унгарија која стави ограда и ја затвори границата прво кон Србија, а потоа и кон Хрватска за да се заштити од мигрантите.
Стотици илјади луѓе живеат во бегалските населби во Јордан, а над 1,2 милиони Сиријци се сокрија во Либан каде живеат во неизвесност. Берлин уште на 9 септември предложи состанок на групата Г7и повеќе арапски земји за да се соберат пари за тие бегалци.
Еврпопа ја зафати бегалска криза незапаметена од Втората светска војна, а многу мигранти кои се обидуваат да стигнат до западните и северните држави на континентот доаѓаат од тие населби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


