| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на терен меѓу жителите на Света Петка и Држилово

gruevski tetovoПремиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Сопиште оствари средби со жителите на населените места Света Петка и Држилово.

При посетата на населеното место Света Петка, граѓаните изразија голема благодарност од вниманието кое го дава општината и што премиерот Груевски ги посети.

Градоначалникот истакна дека во тек е изградба на ново спортско игралиште, а беше посочена и потребата за изградба на нов водовод, при што од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беше посочено дека ќе се направат напори неговата изградба и зајакнување на изворите на вода да влезе во новата програма за наредната година, за што ќе се издвојат 3 милиони денари.

drzilovoИсто така беше кажано дека ќе се гради и регионалниот пат од 12 километри значаен за целиот овој регион.

Груевски денеска се сретна со жителите на селото Држилово, при што беше посочен проблемот со лошата состојба на локалниот пат.

Градоначалникот на Сопиште им соопшти дека од април идната година ќе започне со комплетна реконструкција на последните три километри, а остатокот од еден километар е во надлежност на соседната општина Студеничани, при што министерот за транспорт и врски Мисајловски рече дека ќе разговара со градоначалникот на Студеничани за да се реконструира и тој дел од патот.

Беше договорено на барање на граѓаните возило од ЈСП да воспостави конекција со селото Држилово, при што директорот на ЈСП Игор Јанушев истакна дека од следниот петок ќе започне да се обраќа возило на претрпијатието.

Жителите упатија благодарност за поддршката и излегувањето на пресрет на барањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top