| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ќе ги врати мигрантите во Словенија и Хрватска

austria policeАвстриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер посочува дека ќе се држи до правилата и можеби дел од мигрантите ќе ги врати во Хрватска или во Словенија. Таа издаде соопштение во кое стои дека не и е јасно зошто Словенија и Хрватска не ги почитуваат европските правила за азил.

Ниту Хрватска ниту Словенија не се несигурни држави и не може да се каже дека бегалците таму не би имале иднина- стои во соопштението, во кое се бара и усогласување на европски план за квоти и вложување на милијарди евра во бегалски кампови во Сирија за да се престане со мигрантските бранови во Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top