| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија го урна српскиот мит на непобедливост на Евробаскетот

litue

Литванија ќе игра финале за златниот медал против Шпанија на Евробаскетот по победата над Србија со 67-64 во полуфиналето.

Литванците со цврста игра го урнаа српскиот мит на непобедливост на шампионатот, а беа посмирени во драматичната завршница. Калниетис го сопре Теодосиќ, Валанчиунас ја доби битката со радуљица под обрачите што беше клучно за успех на Литванија. Трикратниот европски првак не им дозволи на Србите да се размавнат и заслужено ќе играат со Шпанија за златен медал во недела од 19 часот.

Патем со триумфот вечерва Литванците и осми пат во низа се изборија за настап на олимпискиот турнир во Рио Де Жанеиро.

Валанчиунас со 15 поени беше најефикасен кај Литванците, Кузминкас и Сеибутис постигнаа по 13, а Калниетис уфрли 12 поени. Теодосиќ постигна 16 поени за Србија, но беше далеку под просекот од 8 асистенции со само 3 прецизни додавања во полуфиналето. Радуљица и Бјелица постигнаа по 10 поени. Србија ќе игра за бронзен медал против Франција.

litva

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top