Младите се порано стапуваат во сексуални односи и се чини дека на тој чин денес се гледа многу поинаку од порано. Генерациите станаа послободни по прашање на многу работи, па и по прашањето за сексуалните односи. Она што загрижува е впуштањето на младите во сексуалните односи без обврски и потребата тоа да го споделат на социјалните мрежи.
Иако за многумина сексуалниот однос се поврзува со чувство на љубов и блискост, постојат многу млади луѓе кои сметаат дека овие работи може да се одвојат и дека е работа на популарност во друштвото да се има пријател со бенефиции.
Дека сексуалност денес се смета на поинаков начин потврдува и хрватскиот психолог Тања Станиќ за Магазин.нет.хр.
Таа вели дека младите денес стапуваат во односи многу рано и од погрешни причини.
– Ваквите односи често завршуваат така што девојките се повредени и разочарани, а трендовите како селфи, белфи и останати експлицитни фотографии кои се појавуваат на социјалните мрежи стануваат опасен тренд што ќе остави сериозни последици на младите – смета Станиќ.
Потребата интимата да се сподели со светот всушност е потреба за признавање, бидејќи колку лајкови ќе соберете толку вредите.
Најважно е родителите уште во најрана доба да им помогнат на децата да изградат самопочитување, бидејќи така ќе знаат колку вредат и без социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.