| четврток, 6 декември 2018 |

Русија е подготвена да преговара со САД во врска со Сирија

­ Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е подготвено за преговори со САД во врска со Сирија, откако американскиот државен секретар Џон Кери изрази надеж за итни преговори меѓу руски и американски воени лица за оваа тема. ­

москва

 

– Никогаш не сме одбиле дијалог со САД, изјави портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова, додавајќи дека Русија е подготвена за преговори за сите прашања од заеднички интерес.

Државниот секретар на САД истакна дека американскиот претседател Барак Обама смета дека ваквите разговори би биле важен следен чекор, кој се надева дека преговорите ќе помогнат за наоѓање различни варијанти во момент кога Вашингтон размислува за следните чекори во Сирија. ­

– Остануваме фокусирани на задачата да ја уништиме Исламска држава (ИД) и да постигнеме политичко решение за ситуацијата во Сирија, што според нас нема да се случи со долгорочното останување на сирискиот претседател Башар ал Асад на власт, нагласи Кери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top