Голем дел од потрошувачите не купуваат органска храна зашто е прескапа. Во маркетите се продава по пет пати повисока цена од таа на конвенционалната. Ваквата практика треба да се смени, сметаат производителите.
– Голем дел од потрошувачите, токму поради превисоката цена, чувствуваат одбивност кон органските производи. Исто така, имаат и негативен став кон тие што се занимаваат со органско производство. Органската храна треба да биде максимум 50 отсто поскапа од конвенционалната, а не и до пет пати, како што најчесто се продава во маркетите, рече денеска Ѓорѓи Хаџи-Котаров, производител на органско киви и мед од Струмица, на панел-дискусијата „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?“, што се одржа во рамки на конференцијата „Фуд ток Македонија“.
Според него, перцепцијата на купувачите за органската храна мора да се смени, а тоа ќе се постигне само ако цените бидат подостапни.
Интересот за органско производство, вели Хаџи-Котаров, се зголемува, и за разлика од претходните четири години кога во Струмичко не се пријавил ниту еден нов производител, годинава се регистрирани шест лица.
– Производителите мора да знаат дека денес на пазарот има широк спектар препарати за заштита и ѓубрење кои се дозволени во органското производство и кои истовремено гарантираат добивање квалитетен производ со изворен мирис и вкус. Околу тоа веќе не смее да има дилема – подвлече Хаџи-Котаров.
На конференцијата, покрај оваа панел дискусија, се одржаа уште пет на други теми кои од други аспекти се однесуваат на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




