| четврток, 6 декември 2018 |

Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков кај битолскиот градоначалник

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска приреди прием за светски познатите актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков и им врачи редок сувенир – грбот на градот Битола.

На средбата во кабинетот на битолскиот градоначалник, Ганц и Серебрјаков истакнаа дека се одушевени од првото доаѓање во Битола и во, како што рекоа, градот со прекрасна архитектура и со голема раздвиженост на битолчани, кои љубезно ги отпоздравувале.

DSCF8561

– Првпат сум во Македонија и во Битола и среќен сум што сум гостин на фестивалот. За градот се информирав од интернет и мислам дека е добро што има ваков фестивал бидејќи ова е најдобриот начин да се зачува културата на нашиот народ – истакна Серебрјаков.

DSCF8503

Бруно Ганц нагласи дека е посебно одушен од раздвиженоста на многу луѓе и, како што рече, среќен сум што сум тука, го видов музејот, а и пробав прекрасна македонска салата.

IMG_9466

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ почнува вечер со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top