На сличен начин како што неодамна беше претставена освежената верзија на ДС5, сега и новиот ДС4 доби дизајнерски детали што го красат. Новата предна маска е карактеристична по тоа што ќе биде знак на распознавање на моделите ДС, како и новите светилки со ЛЕД-технологија. Новитет кај редизајнираниот ДС4 е и опцијата на двобојна каросерија, како и новата палета на бои, која сега има дури 38. Новитет е и тоа што сега покривот, задниот спојлер, ретровизорите и полумесечините, по желба, можат да бидат лакирани со црна, сина, виолетова и со портокалова боја.
„Ситроен“ покрај основниот модел ДС4 го претстави и новиот „кросбек“, кој ќе биде наменет за љубителите на урбана и на вонградска авантура. Подвозјето на оваа верзија на автомобил е за 30 милиметри повисока од стандардната верзија и ќе се нуди со црни пластични заштитници на калниците, во комбинација со црн заден спојлер и со црни ретровизори, додека носачите на покривот се изработени во боја на алуминиум.
Двата нови модела на ДС4 располагаат со богата палета на добропознатите мотори од ПСА.
Основниот бензински мотор со 130 коњски сили и со 230 њутн-метри вртежен момент, доби дополнителни девет проценти сила и дури 44 проценти вретежен момент во однос на стариот ВТИ 120, кој го заменува. Следен во понудата е ТХП 165, кој произведува 165 коњски сили и вртежен момент од 240 њутн-метри. Силата на овој мотор се пренесува исклучително преку новиот шестостепен автоматски менувач. Палетата на бензински мотори ја заокружува најсилниот ТХП 210, кој има 210 коњски сили и 285 њутн-метри вртежен момент, но нема да биде достапен кај моделот „кросбек“.
Понудата на дизелски агрегати почнува со „блу ХДИ 120“, мотор со 120 коњски сили и 300 њутн-метри вртежен момент. За купувачите што сакаат посилен дизел, „Ситроен“ предвиде мотор со 150 коњски сили и 370 њутн-метри вртежен момент и 180 коњски сили со 400 њутн-метри вртежен момент, кој ќе биде достапен само со автоматски менувач.
Двете верзии на новиот ДС4 ќе бидат опремени со новата напредна технологија и системот за пролизгување, а, секако, ќе бидат вградени и многуте корисни опреми со кои располага групацијата ПСА, како што се стартување на моторот без клуч, камера за возење наназад, систем за контрола на мртвиот агол, како и компатибилноста со мултимедијалниот систем, кој е новитет во внатрешноста и се управува преку седуминчен екран чувствителен на допир, а кој, пак, елиминира дури 12 прекинувачи. Овој систем овозможува приклучување паметни телефони со оперативни системи „андроид“ или „Иос“ и нивно користење преку него.
Редизајнираниот ДС4 ќе дебитира на Саемот за автомобили во Франкфурт во втората половина на септември, а во продажба ќе се најде веќе оваа есен на сите пазари во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст