| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга за првпат била отпеана македонската химна

Гра­дот во из­ми­на­ти­ве ве­ко­ви на ма­ке­дон­ска­та кул­тур­на исто­ри­ја ѝ оста­вил го­ле­ми деј­ци и во ду­хов­на и во све­тов­на смис­ла. Соз­да­ва­чи­те на ма­ке­дон­ска хим­на одам­на не се ме­ѓу жи­ви­те, а не по­стои ни­ту ку­ќа­та сре­де стру­шка­та чар­ши­ја во ко­ја таа за прв­пат би­ла из­ве­де­на. Но, стру­жа­ни не го за­бо­ра­ва­ат овој исто­ри­ски чин. Тие се­ко­ја го­ди­на пред Но­ва го­ди­на се се­ќа­ва­ат на де­ло­то на хра­бри­те со­гра­ѓа­ни

„Ка­ко Стру­га не­ма дру­га“ е поз­на­та изре­ка, ко­ја вед­наш ви па­ѓа на ум ко­га вле­гу­ва­те во гра­дот на по­е­зи­ја­та, на Дрим, на Ми­ла­ди­нов­ци, на Ри­сто Кр­ле, на Вла­до Ма­ле­ски, автор на ма­ке­дон­ска­та хим­на, на тес­ни­те улич­ки, чар­ши­ја­та, ду­ќа­ни­те со ќе­пе­но­ци, на единс­тве­на­та ра­но­хри­сти­јан­ска ба­зи­ли­ка…

reportaza158-Struga-2

Ако не зна­е­те ка­де да ис­пи­е­те ка­фе во Стру­га, вед­наш ќе ве упа­тат око­лу те­че­ни­е­то и из­во­ри­те на Дрим, или во ка­фу­ли­ња­та по­крај езе­ро­то и култ­но­то „Пли­ва­ли­ште“, за кое стру­жа­ни со гор­дост ве­лат: „И да знај­те, од Гра­ди­ште до Ли­ва­ди­ште нај­у­бо е на Пли­ва­ли­ште“.

Исто­ри­ски­те по­да­то­ци ве­лат де­ка Ен­ха­лон бил ста­ро­ан­тич­ки град и прет­ход­ник на де­неш­на Стру­га, а спо­ред не­кои ар­хе­о­ло­шки на­о­ди, бил ос­но­ван од при­пад­ни­ци­те на ма­ке­дон­ско­то пле­ме Де­са­ре­ти. Ста­ри­от исто­ри­чар По­ли­бие да­ва по­да­то­ци за бор­би­те ме­ѓу Дол­но­ма­ке­дон­ци­те и ма­ке­дон­ско­то пле­ме Десaре­ти во охрид­ски­от ре­ги­он и твр­ди де­ка кра­лот Фи­лип Вто­ри го за­зел Ен­ха­лон во 334 го­ди­на пред на­ша­та ера.

reportaza158-Struga-3

reportaza158-Struga-4

Во 148 го­ди­на пред на­ша­та ера гра­дот пот­пад­нал под вла­ста на Рим­ја­ни­те, за кои се сме­та де­ка во бли­зи­на го из­гра­ди­ле про­чу­е­ни­от Кан­дав­ски пат, по­доц­на на­ре­чен, „Виа Ег­на­ци­ја“ за да го по­вр­зат Рим, пре­ку Драч и Со­лун, со но­во­о­сво­е­ни­те те­ри­то­рии во Ма­ла Ази­ја.

– Стру­га во те­кот на исто­ри­ја­та ме­ну­ва­ла нај­раз­лич­ни гос­по­да­ри. Се­кој од нив на свој на­чин оста­вал дел од сво­ја­та кул­ту­ра во Стру­га. Од вре­ме­то на ма­ке­дон­ски­те кра­ле­ви е до­бро со­чу­ва­ни­от брон­зен шлем про­нај­ден на ло­ка­ли­те­тот „Св. Или­ја“ кај се­ло Де­ло­гож­да, кој де­нес се чу­ва во Стру­шки­от му­зеј. Од вре­ме­то на ра­ни­от хри­сти­јан­ски пер­и­од по­тек­ну­ва­ат ба­зи­ли­ки­те во се­ла­та Ра­до­ли­шта, Окти­си и Де­ло­гож­да, рас­ка­жу­ва­ат стру­жа­ни.

reportaza158-Struga-5

Од вре­ме­то на пре­род­ба­та по­тек­ну­ва­ат мно­гу­број­ни цр­кви во Стру­га и око­ли­на­та, во си­те на­се­ле­ни ме­ста со хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние. Си­те нив ги ка­ра­кте­ри­зи­ра поз­на­ти­от по­се­бен стил во ар­хи­те­ктон­ски пог­лед, по­себ­но со бо­га­ти­те и вред­ни рез­ба­ни ико­но­ста­си на кои се на­о­ѓа­ат мно­гу­број­ни пре­стол­ни и праз­нич­ни ико­ни, а вна­треш­но­ста на цр­кви­те ја кра­си ѕид­ни­от фре­ско­жи­во­пис. Нај­поз­на­та ме­ѓу цр­кви­те во Стру­га е град­ска­та со­бор­на цр­ква „Св. Ѓор­ѓи­ја“, со из­во­нре­ден ико­но­стас во рез­ба, а со­др­жи и бо­га­та ко­лек­ци­ја на ико­ни.

reportaza158-Struga-9

Стру­га има раз­ви­ен езер­ски и кул­ту­рен ту­ри­зам. Ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Стру­шки ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“ прив­ле­ку­ва го­лем број до­маш­ни и стран­ски ту­ри­сти во те­кот на ле­то­то.

– Ко­га ќе пук­не ту­ри­стич­ка­та се­зо­на Стру­га на­ед­наш се из­ме­ну­ва, не­ба­ре низ чар­ши­ја­та про­ју­рил све­ти Ѓор­ѓи­ја на бел коњ и со коп­је им ја пу­штил за­сто­ја­на­та крв и сѐ се разд­ви­жи­ло – ве­лат ста­ри­те стру­жа­ни.

Кон кра­јот на август и по­че­то­кот на сеп­тем­ври во Стру­га се со­би­ра­ат по­е­ти­те и му­зи­ча­ри­те од цел свет. „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“ це­ли пет де­це­нии гра­дат мо­сто­ви на по­е­зи­ја­та со кои ги по­вр­зу­ва­ат си­те свет­ски кон­ти­нен­ти, до­де­ка „Стру­шка му­зич­ка есен“ е единс­тве­на­та ма­ни­фе­ста­ци­ја во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја што че­ти­ри де­це­нии обе­ди­ну­ва де­ба­ти, зна­е­ња и мож­но­сти и прет­ста­ву­ва отво­ре­на пла­тфор­ма за раз­ме­на на на­уч­ни­те идеи и соз­на­ни­ја кај нас.

reportaza158-Struga-6

И две­те ма­ни­фе­ста­ции го не­гу­ва­ат кул­тот на ос­но­во­по­лож­ни­ци­те на овие ма­ни­фе­ста­ции, кои го­во­рат за дол­га и бо­га­та кул­тур­на тра­ди­ци­ја на Стру­га, гра­дот, кој во из­ми­на­ти­ве ве­ко­ви на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка исто­ри­ја ѝ оста­вил го­ле­ми му­зич­ки деј­ци и во ду­хов­на­та и во све­тов­на­та му­зи­ка. Во Стру­га за прв­пат е от­пе­а­на и ма­ке­дон­ска­та хим­на, а и стру­жа­ни во из­ми­на­ти­ве де­це­нии се впло­ти­ја во из­град­ба­та на овие ма­ни­фе­ста­ции и да­ва­ат го­лем при­до­нес во нив­ни­от раз­вој. Хим­на­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е на­пи­ша­на од Вла­до Ма­ле­ски, а за прв­пат би­ла из­ве­де­на на пре­че­кот на но­ва­та 1942 го­ди­на во Стру­га во ку­ќа­та на Со­тир Шу­та.

– Со ог­лед на окол­но­сти­те, тоа се­ка­де се пра­ви да не пад­не в очи, до­че­кот на Но­ва го­ди­на има­ше за цел да се со­бе­ре мла­ди­на­та и под оваа фор­ма да се раз­го­ва­ра за прет­стој­ни­от во­о­ру­жен от­пор про­тив фа­шиз­мот. То­гаш се ин­фор­ми­рав и за на­па­дот на по­ли­ци­ски­от уча­сток во При­леп и за на­па­ди­те во Ку­ма­но­во. Што се од­не­су­ва до про­гра­ма­та за до­чек на Но­ва го­ди­на, јас, Бо­ро Пу­те и Дим­че Ко­шар­ко, ја под­го­твив­ме пес­на­та „Де­нес над Ма­ке­до­ни­ја“, ко­ја на­бр­зо по­тоа ќе ста­не нај­по­пу­лар­на пес­на во це­ла Ма­ке­до­ни­ја и ко­ја до ден де­не­ска се одр­жу­ва ка­ко еден вид ма­ке­дон­ска хим­на – ре­кол Ма­ле­ски.

reportaza158-Struga-7

Ме­ѓу при­сут­ни­те бил и бли­ски­от при­ја­тел на Ма­ле­ски, Ни­ко­ла Ко­чо­ски.

– Бев по­ка­нет од мо­јот дру­гар Јо­сиф Ми­са да при­сус­тву­вам на но­во­го­диш­на­та игран­ка во до­мот на Со­тир Шу­та. Ко­га вле­гов во гор­ни­те одаи на ку­ќа­та при­јат­но бев из­не­на­ден од ам­би­ен­тот во кој се пе­е­ше пес­на­та „Де­нес над Ма­ке­до­ни­ја“ за чие име доз­нав во те­кот на ве­чер­та. На ги­та­ра сви­ре­ше и пе­е­ше Вла­до Ма­ле­ски. Пес­на­та ја пе­е­ше со вос­хит, а при­сут­ни­те со сми­ре­ност го сле­деа и пот­пев­ну­ваа. За пес­на­та беа изре­че­ни мно­гу уба­ви збо­ро­ви по­тен­ци­рај­ќи де­ка во неј­зи­на­та со­др­жи­на е се­та ма­ке­дон­ска исто­ри­ја и ид­ни­на. Та­ква­та при­јат­на ат­мо­сфе­ра овоз­мо­жи и се­ри­о­зен раз­го­вор ко­га за прв­пат бев­ме ин­фор­ми­ра­ни за ус­пе­си­те во вој­на­та што се во­ди про­тив фа­шиз­мот, ка­ко и за пр­ва­та во­о­ру­же­на ак­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те бор­ци со на­па­ди­те во При­леп и во Ку­ма­но­во – ре­кол Ко­чо­ски.

reportaza158-Struga-8

За прв­пат хим­на­та, офи­ци­јал­но, би­ла ис­пе­а­на од три­о­то: Ни­ко­ла Ба­дев, Ва­ска Или­е­ва и Але­ксан­дар Са­ри­ев­ски.

Соз­да­ва­чи­те на ма­ке­дон­ска хим­на одам­на не се ме­ѓу жи­ви­те, а не по­стои ни­ту ку­ќа­та сре­де стру­шка­та чар­ши­ја во ко­ја таа за прв­пат би­ла из­ве­де­на. Но, овој исто­ри­ски чин стру­жа­ни не го за­бо­ра­ва­ат. Тие се­ко­ја го­ди­на пред Но­ва го­ди­на се се­ќа­ва­ат на де­ло­то на хра­бри­те со­гра­ѓа­ни.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 158. број на неделникот „Република“, 11.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top