| четврток, 6 декември 2018 |

Хит-тест: Пресметајте колку партнери сте имале досега

Со помош на хит-тестот можете да пресметате колку партнери сте имале досега.

Една од најнепријатните работи на почетокот на секоја врска, која некако по правило задолжително доаѓа на дневен ред е прашањето со колку луѓе сте имале секс, пред моменталниот сексуален партнер.

Според светските статистики, луѓето во просек менуваат по пет сексуални партнери за време на животот, а таа бројка е поголема во земјите на Западна Европа и САД. Потоа на ред доаѓа и прашањето за „милион долари“: Дали секогаш сте користеле кондом?

Зошто е тоа важно?

Меѓутоа, експертите пресметале дека ако сте имале 10 сексуални партнери, индиректно сте спиеле со повеќе од 4 милиони луѓе, односно сте „сексуално изложени“ на толкав број луѓе.

Кога станува збор за полово преносливи болести посебно важна е „сексуалната изложеност“, па затоа редовно да се тестирате, иако бројот на сексуалните партнери не е голем.

Експертите направиле секс-калкулатор со помош на кој можете да пресметате со колку луѓе индиректно сте биле во сексуален контакт.

Само пресметката има многу комбинации и мошне е интересно да го користите „секс-калкулаторот“, во што можете и самите да се уверите.

Тестот можете да го направите на следниов линк!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top