| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанската полиција заплени 1,5 тон кокаин од Јужна Америка

заплена

Шпанските власти денеска соопштија дека заплениле 1,5 тон кокаин и уапсиле десет осомничени од група за шверц на дрога од Јужна Америка до северниот брег на Шпанија.

Цивилната гарда соопшти дека се уапсени четворица државјани на Шпанија, тројца од Аргентина и по еден државјанин на Велика Британија, Холандија и Парагвај во рација во четири разчични региони.

Кокаинот е пронајден во куќа во северната провинција Вискаја, а се запленети 12 возила и опрема за бродска навигација.

Властите отворија истрага откако Цивилната гарда во јуни запре две возила во североисточната провинција Сарагоса, при што откри 100 килограми кокаин и уапси две лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top