| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска за два дена влегле 13.300 бегалци

поли

Хрватската полиција соопшти дека околу 13.300 мигранти влегле во земјата од Србија, откако почнаа да пристигнуваат првите групи бегалци пред два дена.

Немоќна да ги запре мигрантите, хрватската полиција ги собира на станицата во Товарник на хрватска страна на границата, каде неколку илјади луѓе ја минаа ноќта под отворено небо.

Синоќа хрватските власти затворија седум гранични премини кон Србија со исклучок на Бајаково, каде минува автопатот Белград-Загреб.

Од друга страна Словенија ги запре сите возови, кои пристигнуваат од Хрватска. Околу 150 мигранти беа блокирани со часови на станицата Добова на словенечката страна на границата. Првично беше најавено дека возот ќе биде вратен назад, но по неколку часа тој продолжи за Постојна.

Словенија, која е во Шенген зоната, соопшти дека спречила околу 100 мигранти во текот на ноќта илегално да влезат во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top