| четврток, 6 декември 2018 |

Сијарто: На пат кон Европа се 30 до 35 милиони бегалци

сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека 30-35 милиони бегалци се на пат кон Европа и дека поради тоа засилувањето на границите има клучено значење.

Сијарто во интервју за весникот „Маџар идок“ нагласува дека ЕУ ја занемарила заштитата на своите граници и дека европските лидери се плашат работите да ги наречат со вистинско име бидејќи им е полесно да ги критикуваат тие што работат.

Според унгарскиот министер, европските лидери постапуваат врз основа на лажни информации на меѓународните медиуми, како и дека на Унгарија ѝ е јасно дека Европа не може да прими стотина илјади или милиони економски емигранти.

– Можеме да ја контролираме кризата само ако го поддржиме и засилиме шенгенскиот систем – изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто денеска ќе го посети Белград каде што ќе разговара со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top