Неколку дена по ред стагнира бројот на емигрантите што преку Македонија транзитираат кон земјите-членки на Европската унија. Според процените на сите фактори вклучени во соочувањето со бегалската криза, тој број се движи од 2.500 до 3.000 луѓе дневно.
Од граничниот камен 59 тие и понатаму пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија, но во помали групи од по стотина луѓе. Во споредба со последните денови од изминатава недела, нивниот број во кампот и денеска е незначителен.
Според информации од железничка станица во Гевгелија, утрово кон Табановце заминал само еден воз со околу 600 мигранти, а во станицата се очекуваат да пристигнат уште две подготвени гарнитури возови, кои во текот на денот ќе ги превезуваат емигрантите кон северната граница. Железничарите соопштија дека во текот на вчерашниот ден од Гевгелија до Табановце биле префрлени повеќе од 2.000 емигранти, чијшто број, пак, според процените на УНХЦР и Меѓународниот црвен крст достигнува до 2.500 луѓе.
Автобусите и такси-возилата, исто така, се подготвени за превоз на емигранти кај мостот на Сува Река, но и нивниот број, очигледно, е многу намален.
Претставниците на невладините организации и многуте граѓански здруженија на секој можен начин им помагаат на емигрантите полесно да се евидентираат, да се нахранат и одморат пред да го продолжат патот. Во магацините постојано притигнува хуманитарна помош за емигрантите. Вчера пакети со храна и со вода донираа претставниците на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти