Воз на меѓународната линија Амстердам-Париз денеска е запрен во холандскиот град Ротердам, а патниците евакуирани, откако еден вооружен маж се затворил во тоалетот.
Според очевидци мажот со себе има и бомба, а полицијата се обидува да преговара со него, јави Раша тудеј.
Возот е запрен, а патниците евакуирани во Ротердам, каде е евакуиран и дел од железничката станица. На местото се наоѓа и специјална анти-терористичка единица.
Според локалната полиција засега нема потврда дека мажот затворен во тоалет на возот е вооружен и дека специјални екипи се обидуваат да разговараат со него.
Компанијата оператор со меѓународната железничка линија „Талис“ од Париз до Амстердам, преку Брисел, објави дека нема опасност за патниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
„Тајна вечера“ на лидерите на ЕУ, без Тереза Меј