Македонката Снежана Марковски е победничка во популарното реално шоу „Ерген“ (The Bachelor), во кое неколку девојки се борат да го освојат срцето на најпосакуваниот неженет маж. Ергенот од оваа сезона е Сем Вуд (35), бизнисмен од Мелбурн.
Tриесет и четиригодишната Македонка, која триумфираше во австралиската верзија на ова популарно реално шоу во светот, живее во Перт, Западна Австралија, заедно со нејзината 9-годишна ќерка од претходниот брак. Токму таа и ја пријавила својата мајка во шоуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.