НУ Турски театар, по покана на Советот на Фестивалот, учествуваше на 30. Меѓународен фестивал на Алтернативниот театар во Подгорица, Црна Гора со претставата „Прометеј“ од Есхил, а во режија на Дејан Пројковски.
Жирито на Фестивал ФИАТ 2015, во состав Соња Вукичевиќ, кореограф од Србија, претседател, продуцентот Франко Унгаро од Италија и актерот Мирко Влаховиќ од Црна Гора одгледале единаесет претстави во официјалната селекција и донеле одлука за доделување награда за главна машка улога на Селпин Керим за улогата на Прометеј во Есхиловата „Прометеј“, во режија на Деjан Пројковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.