| четврток, 6 декември 2018 |

Луначек: Итна потреба да ѝ се помогне на Србија

Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек изјави дека постои итна потреба да ѝ се помогне на Србија за да се соочи со очекуваното „затнување“ поради големиот прилив на имигранти.

lunacek

 

– Целосно се согласувам со високиот комесар за бегалци Антонио Гутереш кога вели дека одлуката на Унгарија да ја запечати границата за бегалци значи дека постои итна потреба да ѝ се помогне во Србија за да се соочи со очекуваната ситуација – изјави Луначек за весникот „Данас“, коментирајќи го овонеделниот состанок на Гутереш со надворешно­политичиот одбор на ЕП.

На тој состанок присуствуваа и еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top