| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ѝ го сврти грбот на Хрватска: Коридор за бегалците? Нема шанси!

CerarСловенечкиот премиер Миро Церар ги осуди изјавите на хрватските власти за воспоставување коридор за бегалците и ги оцени како „некоректни и опасни“. Церар тврди дека Словенија не разгледувала таква можност со Хрватска.

– Таквите изјави на хрватскиот министер за внатрешни работи за тоа дека сме се договарале за можни коридори за масовен премин на емигранти преку Хрватска и словенечка територија се некоректни, не само тоа, туку и опасни затоа што навестуваат нешто што не смее да се случи – рекол премиерот на Словенија.

– Ткави договори немало и не може да има. Словенија на границата со Хрватска има шенгенски режим. Тука има одредени правила и низ шенгенската граница не смееме да пропуштиме луѓе што не исполнуваат услови за влез во ЕУ. Хрватска тоа добро го знае – изјавил Церар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top