Под мотото „Размислувај глобално, јади локално, забавувај се регионално“, во ресторанот „Кањон Матка“ денеска ќе се одржи првата гастрономска конференција „Фуд ток Македоија“(„Food talk Macedonia“).
Ќе учествуваат стручњаци од оваа област, готвачи, сопственици на ресторани, винарски визби, гастро-блогери, а ќе има и гости од регионот.
Предвидени се неколку панел-дискусии на различни теми – „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?“, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави“, „Храната на интернет“,…, меѓу кои и панел-дискусиите „Приготвуваме и нервите ги негуваме“ со учество на познати личности што сакаат да готват (Адријана Алачки, Есма Реџепова, Весна Петрушевска, Елена Петреска, Јоце Панов и Зоран Џорлев), како и т.н. гастро-дипломатија на која гости од амбасадите ќе дегустираат храна подготвена од нивните гастро-шефови.
Присутните ќе уживаат во големиот број македонски специјалитети, а ќе бидат презентирани и правилата за дегустирање вина.
Како што најавуваат организаторите „Колор прес-група“, специјален гостин на конференцијата ќе биде познатиот водител Оливер Млакар, кој треба да ги открие „малите тајни на големите мајстори“ на кујната.
Вакви конференции досега се организирани во Заечар и во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст