| четврток, 6 декември 2018 |

Метеж низ Скопје, затворени две улици

Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ од вчера во 23 часот се затворени за сообраќај на потегот од крстосницата меѓу улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“, па сè до крстосницата меѓу улиците. „Димитрија Чупоски“ и  „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон порта „Македонија“. Сообраќајот ќе биде во прекин сè до недела во 12 часот.

Како што информираат од МВР, пrичина за прекинот во сообраќајот се подготвителните активности за одржувањето на културната манифестација на 19 и на 20 септември на улица „11 Октомври“, пред порта „Македонија“ по повод спојувањето на Т-мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција се преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top