Холандски новинар докажа дека заканите во Европа да навлезат терористи, кои се претставуваат како бегалци се целосно реални, кога за 750 евра се здобил со сириски пасош со фотографија од холандскиот премиер Марк Руте.
– Сириски документи без поголема потешкотија во пракса може да добие секој. Во мојот случај беше потребно едно телефонско јавување и 40 часа чекање, изјави новинарот Харалд Дорнбос.
Неговата изјава е објавена со фотографија од сирискиот пасош со слика на премиерот Руте. Името во документот е Малек Рамадан, а родното место е Дамаск.
Journalist @HaraldDoornbos koopt Syrisch paspoort voor Mark Rutte. http://t.co/u3O1I4nM7Q pic.twitter.com/YMywj8SE92
— Het Parool (@parool) September 16, 2015
– Од почетокот на конфликтот во Сирија илјадници празни пасоши и специјални принтери паднаа во рацете на екстремистите, кои се подготвени да продадат пасош со која било фотографија и кои било лични податоци на секој кој е подготвен да плати, нагласи Дорнбос.
Изработката на фалсификуваниот пасош со фотографија на премиерот чинела 750 евра.
– Шегата настрана, последиците од ова можат да бидат катастрофални. На службите за безбедност ќе им биде мошне тешко да ги откриваат терористите, со оглед на тоа колку е лесно да добиеш фалсификуван пасош, вели новинарот.
Дорнбос нагласува дека маршрутите на радикалните исламисти исто така се познати. Борците од Исламска држава или Ал Каеда минуваат од северните региони на Сирија во Турција, а оттаму преку Бодрум на запад се префрлуваат нелегално во Грција, каде на миграциските власти им ги покажуваат фалсификуваните документи.
Тој нагласува дека грчките власти немаат ниту најмала претстава со кого си имаат работа, со бегалец или терорист.
Новинарот додава дека од Грција преку Македонија и Србија тие стигнуваат до Унгарија, која е дел од Шенген зоната и со сирискиот пасош можат да заминат каде ќе посакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.