Припадници на хрватската полиција за борба против нереди се обидува да ги стават под контрола се поголемите групи мигранти во пограничниот град Товарник, каде бегалците, кои доаѓаат од Србија се обидуваат да се качат на автобуси, кои патуваат кон внатрешноста на Хрватска.
Долги редици се формираа крај автобусите, кои патуваат на дестинации каде има центри за примање мигранти на други места во Хрватска.
Над сто полицајци за борба против немири беа распоредени за да ги контролираат групите и да ги држат настрана од железничката линија.
Во меѓувреме хрватска полиција соопшти дека повеќе не може да прима мигранти во земјата.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Хрватска на бегалците ќе им обезбеди безбеден транзит до центрите околу Загреб, но оти оние кои не бараат азил ќе бидат сметани за илегални имигранти.
Според него 6.500 лица влегле во земјата изминатите 24 часа.
– Хрватска нема да може да прима повеќе луѓе, изјави Остојиќ во градот Товарник на источната граница на Хрватска со Србија.
– Кога рековме дека се подготвени коридори го имавме предвид коридорот од Товарник за Загреб, додаде Остојиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)