Унгарската полиција негира дека вчера апсела и тепала новинари на граничниот премин Хоргош 2, во моментот кога група мигранти преминаа на унгарска територија, а нејзините припадници за да ги растераат користеа пендраци, водени топови и солзавец.
Во соопштението на полицијата се тврди дека во овој случај е постапувано согласно законите и тоа во ситуација која претставува напад на агресивни луѓе врз припадниците на полицијата, кои биле задолжени за чување на државните граници на Унгарија, односно надворешните граници на Европската унија.
Унгарската полиција демантира дека се уапсени новинари, но додава дека три лица, државјани на Австралија, Словачка и Полска, се процесуирани поради основани сомненија дека илегално ја минале границата, по што се пуштени да се бранат од слобода.
Шведскиот весник „Експресен“ денеска соопшти дека припадници на унгарската полиција вчера ја претeпале неговата фоторпортерка Мери Петерсон, додека известувала за случувањата околу бегалската криза на унгарско-српската граница.
Како што соопшти главниот уредник на „Експресен“, Тоамс Матсон, полицајците со палки ја нападнеле 27-годишната Петерсон, нанесувајќи и повеќе повреди.
Танјуг јави дека припадници на унгарската полиција на граничниот премин Хоргош вчера нападнале и тричлена новинарска екипа на српската државна телевизија РТС, составена од новинарката Јована Ѓуровиќ, снимателот Владан Хаџи Мијаловиќ и тонецот Мирослав Ѓурашиновиќ, како и новинарот на полската телевизија ТВП, Јацек Тацик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст