| четврток, 6 декември 2018 |

За аферата „Телеком“ во 2004 година зборувал и ја најавил пратеникот Спиро Мавровски

bucko sekerinskaВладеачката СДСМ во 2004 година преку не донесување на закон им опростува на „АД Македонски телекомуникации“ долг од преку 6 милиони евра. Ова претставува уште еден во низата скандали поврзани на функционерите на СДСМ со „АД Македонски Телекомуникаци“.

За ова говорел тогашниот опозициски пратеник, Спиро Мавровски на 62 седнца на Собранието на Република Македонија на 25.05.2004 година, кој вели дека не постојат разумни причини зошто постапката за наплата била стопирана и Владата на СДСМ изгубила 6 милиони евра.

-Слушнавме дека првиот предлог на закон беше доставен до нас пратениците на 28.11.2003 година. Истиот дојде на собраниска седница некаде во март 2004 година и на самата седница на предлог гласање за амандмани од ЛДП беше повлечен.Дали беше повлечен да се донесе нешто повеќе, или не, јас незнам. Истиот кажува, во донесувањето дека обезбедувањето на извори за финансирање на управата за телекомуникации преку наплата на надоместоци за користење на радио-фрекфенции и броеви преку решенијата што се вградени во измените на овој закон усогласени со одлуката на Уставниот суд на Република Македонија. Доколку овој закон не се донесе до крајот на оваа година, Управата за телекомуникации не ќе може да наплати 4 милиони евра. Од АД Македонски телекомуникации, Мобимак, Космофон, и други субјекти. Ова беше на 28.11.2003 година. Денес сме крај на мај, значи јуни месец, тука има некаде околу 6 милиони евра кои не се наплатени.

spiro-mavrovski 1СДСМ не само што му опростил долг од 6 милиони евра на АД Македонски телекомуникации, тие преку законски измени им овозможиле непречен монопол на пазарот во Македонија, на штета на сите граѓани кои плаќале високи цени за неквалитетни услуги.

– Зачудува фактот што дури скоро после една ипол година почнува постапката за измена на Законот за телекомуникации и на тој начин и се простени скоро 6 милиони евра на телекомуникациските компании, иако уште во ноември 2002 година беше направен многу поквалитетен предлог кој беше одобрен и од Секретаријатот за законодавство и требаше да пуштен во владина процедура. Не постојат разумни причини зошто оваа постапка беше стопирана и Владата изгуби 6 милиони евра.

Пратеникот Мавровски во својот говор истакнува дека причините за ова се или незнање и немање капацитет за изработка на новиот закон за телекомуникации или корупција на тогашните функционери.

-Државата досега изгуби 6 милиони евра и загубата секојдневно се зголемува. Само за споредба овие загубени пари се 40% од парите што ги добива Македонија од ММФ на годишно ниво. Продолжување на Монополот на АД Македонски телекомуникации,високи цени на телекомуникациските услуги, нема нови странски инвестиции, нема нови вработувања. Најмал процент на пенетрација на интернет во Европа, неедуцирана нација, одалечување на Република Македонија од ЕУ и другите развиени земји.

Уште во 2004 година опозициските патеници укажувале на корумптивното работење на СДСМ на штета на државата и нејзините граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top